COLOUR B4 ГО ОТКРИВА ВИСТИНСКИОТ ЕФЕКТ ОД БОЈАДИСУВАЊЕ НА ВАШАТА КОСА СО ТРАЈНА БОЈА ЗА КОСА
Последните две години Colour B4, оригинален и водечки отстранувач на боја за коса, ги следи ефектите на бојата врз косата.Дури кога луѓето почнаа да ја отстрануваат бојата од нивната коса (користејќи Colour B4), почнаа да се откриваат ефектите што ги има бојата врз косата.

Менди од здружението на триколози, објаснува што се случува со вашата коса секој пат кога ја бојадисувате.

• Дури откако луѓето почнаа да ја отстрануваат бојата од косата со Colour B4 го увидоа целосниот ефект на бојата врз косата.
• Colour B4 го прикажува научниот поглед за тоа што точно се случува со вашата коса кога ја бојадисувате.
• Совети од експертот за советување за бои и триколог Менди, којашто дипломирала со почести и е член на Институтот за триколози, како и член на здружението на триколози.
• Colour B4открива што се случува со пигментите на косата под бојата

Последните две години Colour B4, оригинален и водечки отстранувач на боја за коса, ги следи ефектите на бојата врз косата.

Дури кога луѓето почнаа да ја отстрануваат бојата од нивната коса (користејќи Colour B4), почнаа да се откриваат ефектите што ги има бојата врз косата.

При бојадисување на косата до иста или потемна нијанса се додаваат нови синтетички пигменти во пигментот на косата, со што бојата се менува.При осветлување на природната боја на косата, потемните природни пигменти прво треба да се разложат, а потоа да се заменат со нови синтетички пигменти
Амонијакот, алкално соединение составено од кислород и водород, ги подигнува и отвора кутикулите на косата, дозволувајќи мали молекули на бојата да пенетрираат во внатрешниот дел од јадрото. Бидејќи молекулот на бојата оксидира со помош на водород пероксид, амонијакот, кој го дава алкалното својство, дејствува како катализатор, соединувајќи го и разложувајќи го природниот пигмент на бојата на косата. Различни комбинации на бојата на пигментот од примарните бои ја даваат избраната крајна нијанса.Според тоа, кога Colour B4 се користи за отстранување на синтетичниот пигмент, косата повторно не го добива првичниот пигмент бидејќи тој е отстранет во процесот на осветлување.

Молекулите на пигментите на бојата во трајните бои се многу мали и се дизајнирани за да можат полесно да пенетрираат длабоко во јадрото на косата.Но овие молекули едноставно ќе паднат од косата за време на процесот на шампонирање.Со цел молекулите да се задржат во јадрото, бојата содржи амонијак помешан со водород пероксид.
Додека малиот молекул од бојата е во јадрото на косата, започнува да се одвива реакција на оксидација и молекулот на бојата започнува да се зголемува до значително поголема големина.На крајот, молекулот е толку голем што е заглавен и не може да избега низ кутикулите на косата.Ова сметајте го како ефект на „Алиса во Земјата на чудата“, кога Алиса не може да се врати низ вратата низ којашто дошла бидејќи премногу пораснала.
Colour B4 го враќа дејството со намалување на молекулот на бојата до неговата првична големина, со што ѝ овозможува на Алиса повторно да помине низ вратата.
„Многу луѓе ги видоа крајните ефекти на бојата и си помислија дека тоа е крајот“, изјави Менди, консултант за боја и триколог.„Но ефектот на бојата врз пигментот на косата, особено за лицата коишто ја осветлуваат својата коса, не може да се види со голо око.Амонијакот го уништува пигментот од вашата коса така што дури и со отстранувач на боја може да не се врати првичната боја бидејќи природните пигменти се уништени од самата боја“.
Постојат четири природни пигменти на косата.Црната и кафената коса својата боја ја добиваат од пигментот меланин, додека, пак, црвената и русата коса својата боја ја добиваат од пигментот феомеланин.Овие природни пигменти се создаваат од ќелии познати како меланоцити.Природната боја на косата зависи од соодносот на присутни пигменти, како и количеството и смесата.