Ве молиме внимателно прочитајте ги нашите безбедносни инструкиции и инструкциите за употреба за да избегнете било какви проблеми при употребата.
Запомнете, ако имате било какви прашања, слободно обратете се до нас!
Брз водич






Colour B4 Инструкции
Пред да започнете
- направете тестирање на дел од кожата
- направете тестирање на прамен
- нанесете го на сува коса
- заштитете ја облеката и накитот
- никогаш не употребувајте метални чешли или садови
- осигурете се дека сите користени производи се пластични
- при примената секогаш употребувајте ги ракавиците кои се обезбедени за тоа
- секогаш употребувајте млака вода
Подготовка
Пред да го користите процесот ColourB4 за да постигнете најдобри можни резултати на отстранување потребно е косата да ви биде чиста и сува.
Препорачуваме два пати да ја измиете косата со шампон за да се отстранат остатоците од производот и силиконот кој се создава од кутикулите. Ова ќе спречи да добиете различна боја на различни места, сјај на коренот и таложење на бојата.
Исто така со ова ќе ги отстраните сите привремени бои.
МЕШАЊЕ
Отстранете ја млазницата од апликаторот Дел B (Отстранувач) и исипете ја целата содржина од Дел А (Активатор). Протресете околу 60 секунди. Ако сакате да нанесете ColourB4тм од сад за нијансирање со четка, можете да го направите тоа (во оваа фаза) со истурање на измешаната содржина од апликаторот во садот – по мешањето.
НАНЕСУВАЊЕ
Почнете со нанесувањето на мешаната содржина од ColourB4тм (од апликаторот) на косата каде сакате да ја корегирате бојата. Како додаток, за вас може да биде полесно да истиснете мали количини од производот во рака (кога носите ракавици) и да го нанесете производот со врвовите од вашите прсти. Користете чешел со големи запци за отплеткување за да ги одделите деловите и да осигурате еднаква распределба на ColourB4тм.
Внимателно Нанесете го производот од коренот на косата кон врвовите. Бидете сигурни дека целата коса е добро покриена. Секогаш употребувајте ја целата содржина. За коса со средна должина или многу густа коса можат да бидат потребни и 2 кутии
ДЕЈСТВУВАЊЕ
По еднаквото нанесување, оставете да дејствува 60 минути. Во оваа фаза вештачките молекули од косата се намалуваат. Мора да се осигурате просторијата да не е студена и да нема провев. Студената средина ќе ја намали активноста на ColourB4тм во намалувањето на тие вештачки обоени молекули.Да не се употребува студена вода. Ако имате многу долга или густа коса добар совет ќе биде да ја прекриете со пластична фолија.Ова ќе ја задржи топлината и ќе го забрза процесот на отстранување на погрешната боја за коса.
ПРВО ИЗМИВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА БОЈАТА НА КОСАТА
По изминувањето на 60 минути дејствување, косата ќе биде готова за фазата на измивање. Во оваа точка молекулите од вештачката боја веќе ќе бидат намалени и подготвени за измивање од косата. Запомнете дека овие молекули се уште се присутни во вашата коса! Започнете го измивањето со млака вода и продолжете да правите така минимум 5 минути, а најмногу 10 за подолга коса. Целиот процес на измивање ќе биде многу попријатен ако стоите пред тушот за да ја измиете косата. Осигурете се дека ја насочувате водата во косата и поминувајте со прстите низ неа за да ги ослободите тие молекули. Не продолжувајте го времето на измивање подолго од она наведено во инструкциите затоа што на тој начин нема да го подобрите ефектот на измивањето.
НАНЕСУВАЊЕ ПУФЕР И ВТОРО ИЗМИВАЊЕ
Косата плакнете ја најмалку 5 минути, и потоа нанесете половина од содржината од Пуферот ( Дел C ). Убаво насапунете и оставете една минута време за да се апсорбира. По изминувањето на оваа минута, продолжете со измивањето на косата со топла вода дополнителни пет минути.
КОНЕЧНО НАНЕСУВАЊЕ ПУФЕР И ИЗМИВАЊЕ
На крајот, по втор пат нанесете го и остатокот од содржината на пуферот(Дел С), насапунете и плакнете уште 5 минути. Откако сите траги од пуферот се успешно измиени од косата вие сте готови и може да ја исушите косата.
Не надминувајте повеќе од 3 нанесувања на Colour B4 и секогаш осигуретесе дека косата е во погодна положба пред почнување на постапката.
За коса со средна должина или многу густа коса можат да бидат потребни и 2 кутии
НАНЕСУВАЊЕ РЕГЕНЕРАТОР (Frequent Use Исклучиво)
Нанесете половина шишенце од регенераторот на мокра коса, чешлајќи ја од коренот на косата кон врвовите и оставете да делува 3 минути. Темелно исплакнете а потоа нанесете го остатокот чешлајќи повторно од коренот кон врвовите и оставете го уште 3 минути и потоа добро исплакнете ја косата.
Се препорачува тестирање на дел од кожатаИзмешајте дел од Дел А во големина на грашок и еднаков износ од Дел B. Со употреба на чепкалка за чистење на уши нанесете мала количина од измешаниот производ зад увото. Отстранете го после 24 часа со вода и со средство за дезинфекција. Доколку дојде до иритација веднаш измијте го делот. Ако не може да се избегне иритацијата, не го нанесувајте производот ColourB4тм.
Тестирање на прамен
Ако сакате да ги видите резултатите (пред конечното нанесување на целата коса) извршете тест на прамен, не поголем од еден сантиметар во ширина. Измешајте еднакви делови од Дел А и Дел B (во големина од зрно грашок) и нанесете го на праменот со помош на чепкалка за чистење уши или со парче ткаенина. Оставете го целосно да се натопи и да се раствори околу 60 минути Измијте го делот по 5 минути, исушете го и проверете ги резултатите.
НЕ НАНЕСУВАЈТЕ ПУФЕР ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ.
(Дел C) на косата кога вршите тестирање на прамен бидејќи тоа може да резултира со последователна примена на ColourB4тм на целата коса.
Оставање дамки на кутикулата
ColourB4тм ја врши постапката на бојосување во обратна насока и ги отстранува молекулите од вештачкиот пигмент кои се депонирани во вашата коса, но не може да го отстрани процесот на оставање дамки на кутикулата. Модерните бои, како на пример, сино-црната, црвената, пурпурната, зелената итн., може да остават дамки на кутикулата, а отстранувањето да го направат многу потешко. Некои од стандардните трајни бои за коса во црвена нијанса исто така се засноваат на процесот на обојување на кутикулата за да го достигнат својот резултат. И обојувачите за коса кои содржат к’на оставаат дамки од бои на кутикулата и истите не може да се отстранат од ColourB4тм. Боите врз основа на тревки и растенија (кои може да се најдат во продавници за здрава храна) може исто така да користат деривати од к’на кои ColourB4тм нема да може да ги отстрани. Секогаш проверете го вашиот претходен метод на обојување на вашата коса пред да го користите ColourB4тм.
Што може да направи ColourB4?
ColourB4тм единствено може да го отстрани вештачкиот пигмент од вашата коса. Ако вашата коса била подложена на високи нијанси и обелувачи, тогаш вашиот природен пигмент е осветлен и променет. Не е можно да се врати пигментот од вашата природна боја на косата со користење на ColourB4тм. Во овие прилики (и ако ја сакате вашата оригинална природна боја), вие треба повторно да ја обоите вашата коса (првично) користејќи делумно трајна боја која е за една нијанса посветла од вашата оригинална боја. Како додаток, сите трајни или делумно трајни бои за коса содржат пероксид. Дури и кога е постигнат многу темен или црн резултат, вашата (природна) боја на косата може да биде посветла. Иако повеќето трајни бои (кога ја прават косата во потемна нијанса) се осветлуваат за мал степен, постојат неколку бои кои содржат повисоки количини пероксид и кои осветлуваат повеќе.Ако вашата коса била подложена на повеќе обојувачи за коса (од трајни или делумно трајни производи) таа била изложена на пероксид повеќе од еднаш. Затоа (по отстранувањето на несаканата боја на косата) ќе забележите потопол, посветол, па дури и бронзен тон на вашата коса – кој често е доминантен во корените на влакното (поради топлината од черепот на главата која ја забрзува претходната боја). Тоа може да се исправи со нанесување на делумно трајна боја ( Ниво 1) со вашата сакана нијанса. Ако сакате да имате посветло ниво (но) сакате да го избришете посветлиот тон, едноставно нанесете пепеласта нијанса која е посветла од саканата боја.
Доколку сакате да добиете некои о д потоплите нијанси ( медова или златна боја) лесно можете да ја затемните бојата со измивање на косата со шампон за руса кој содржи виолетова боја или за поинтензивна покриеност црвениот неутрализирачки пепеласт основен нијансер. Со ова се спречува појавувањето на златен или жолт сјај на коса.